Featured

Обука: Најновите измени и дополнувања на Законот за работните односи од 2018г. во насока на зголемување на правата од работен однос и подобрување на условите за стпанисување и други правни институти од законот кои предизвикуваат дилеми во однос практичната примена

Со цел презентирање на најновите измени идополнувања на Законот за работните односи во насока на зголемување на правата од работен однос и подобрување набизнис климата, Здружение Мозаик Меик на 21-22 декември 2018 година организира обука каде што ќе се образложат новините од Законот заработните односи какои нивната правилна примена и позитивнитеефекти кои треба да ги предизвикат измените на законот.

Обуката ќе се организира на 21.12 и 22.12.2018 во Хотел ‘Романтик’ – Велес

Цел на обуката:

Со цел презентирање на најновите измени идополнувања на Законот за работните односи во насока на зголемување на правата од работен однос и подобрување набизнис климата, Здружение Мозаик Меик на 21-22 декември  2018 година организира обука каде што ќе се образложат новините од Законот заработните односи какои нивната правилна  примена и позитивнитеефекти кои треба да ги предизвикат измените на законот. Исто така на обуката ке се разработат и некоидруги правни нститути од постојниот закон кои често создаваат дилеми принивната практична примена.  На обуката  е предвидена интерактивност научесниците,  дискусија во однос на тематана обуката  и ќе се одгора на прашања поставени одучесниците во однос на темата и надвор од темата кои се однесуваатна сверата од работните односи.

  • Проширување на правната на  заштита на работниците со договор за вработување на определено време
  • Зголемување на правото на информираноста за работничките права преку воведување на   задолжителните компоненти на основот за засновање на работниот однос .
  • Воведување на дополнителни механизми на  заштита на  правата од работен однос за младо лице .
  • Зголемување на флексибилноста на условите за обезбедувања на  потребата  од работници.

ДЕЛ ВТОРИ

  • Воведување на дополнителна заштита со намалување на роковите во кои може да се бара одговорност по основ на негова вина на работникот.
  • Предупредување како дополнителен услов пред откажување на договорот за вработување од лични прилини.
  • Воведување на дополнителни критериуми при  откажување на договорот за вработување од деловни причини.
  • Обезбеување на поголема заштита во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини во случаите кога ќе се јави потребата за  работник  за укинатите  работни места.
  • Обезбедување на поголема испратнина по однос на откажување на договорот за вработување од деловни причини

  ДЕЛ ТРЕТИ

  • Проширување на правата од работен  на работник на пробна работа.
  • Проширување на правата од работен  на работник приправник.
  • Дополнителна заштита на работникот што е ангажиран за работа во смени.
  • Правен механизам за дополнителна заштита на правото на годишен одмор.
  • Воведување на задолжително користење на дел од годишен одмор во тековната календарска година

   ДЕЛ ЧЕТВРТИ

 Други правни институти од Законот за работните односи кои предизвикуваат дилеми при нивната примена и управни мерки при инспекциски надзор

  • Судска одлука за незаконско престанување на работниот однос.
  • Извршување  на судска одлука за незаконски престанок на работниот однос.
  • Начин на пресметка  и плакање за работа за време на празник и неделен одмор
  • Порамнување од плата.
  • Суспензија од работа и приговор против суспензија
  • Управни мерки кои може да се преземат од инспекторот на труд (  едукација ,наредби и забрани)

За повеќе информации и како да се пријавите можете да видите со превземање на следните документи:

Локација:

Проект „Училница.ком “

Здружението на граѓани Мултиетничка организација за промовирање на интернационални култури Мозаик Меик“- Скопје ја одржа својата прва работна група „Училница.ком“ со ученици од СУГС Георги Димитров. На оваа работна група учениците од страна на истражувачки новинар – Васко Маглешов , беа запознаени со значењето на медиумската писменост, функционирањето на социјалните медиуми, улогата на медиумите воопшто како и влијанието на ставовите на читателите. Учениците со помош на практична вежба се стекнаа со вештини за препознавање на лажни вести како и за причините за настанување на истите. Ова е првата работна група која МОЗАИК МЕИК ја спроведува во партнерство со здружението КИМАТИКА #MediaForCitizens #CitizensForMedia #MCCM #МедиумиЗаГраѓаните #ГраѓанитеЗаМедиумите #ВоСлужбаНаЈавноста #ReForMediaMKD #МИМ #ЕУзаТебе

М О Б И Н Г -ПРЕПОЗНАВАЊЕ, ЗАШТИТА И ЗАКОН ЗА ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

Почитувани, Ве покануваме да земете учество на дводневната обука на тема:
М О Б И Н Г
ПРЕПОЗНАВАЊЕ, ЗАШТИТА И ЗАКОН ЗА ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО
(22.11-24.11.2019 – Хотел „ Сириус “ -Струмица)
Предавачи: доц. д-р Емилија Бошковска на факулет за психологија при МИТ Универзитет, гешталт терапевт, лиценциран антимобинг советник

проф.д-р Александар Илиевски, адвокат и декан на Правниот
факултет при МСУ Св.Николе-Битола

Обуката е наменета за сите организации од јавен и приватен сектор, директори, правна служба, човечки ресурси, одговорни лица за посредувачи при мобинг во организациите , раководители и сите засегнати лица .

Организациите денес функционираат во комплексни и динамични средини од кои следствено проилегува кнтинуиран притисоик за натпреварување и внесување на промени Таквиот притисок и опкружување, често доведуваат до пореметување на комуникацијата во организациите и појава на интерперсонални конфликти и негативни појави, какви што се психичкото и физичкото малтретирање на работното место.
Согласно модерните парадигми во менаџментот , а со цел вработените да имаат среќна работна средина, да имаат задоволство од работењето и да можат да работат спокојно во бизнис околината , големо знчење им се придава на оргнизациското однесување и на квалитетот на живеењето и здравјето. Проблемите на насилство и вознемирување на работното место предизвикуваат посебен интерес и стануваат поактуелни во последните неколку години, особено со зголеменото акцентирање на позитивниот ефект од соработката, транспарентноста и тимската работа во организациското работење.Психичкото вознемирување на работното место не е нов феномен, но е феномен во постојан пораст.Со препознавање на овие негативни појави се зголемува и свесноста за распространетоста и сериозноста на овој проблем, Оттука произлегуваат и обврската на организациите за постапување по законската регулатива.
Превземете ги прикачените документи .
Однапред ви благодариме на соработката. Контакт телефон: 071/250-757
Лице за контакт: Лидија Јордановска – 070 392 673

Во СОУ Наум Наумовски Борче -Крушево реализирана е еднодневна обука на тема: Препознавање на ученици со психосоцијални проблеми Предавач: доц. д-р Емилија Бошковска, гешталт терапевт

Мозаик Меик Скопје на ден 18.10.2019 год. во СОУ Наум Наумовски Борче- Крушево, реализираше еднодневна обука на тема: Препознавање на ученици со психосоцијални проблеми. Целта на обуката е подготовка и оспособување на наставниците,стручната служба и директорите за препознавање на ученици со психосоцијални проблеми и третирање на проблемот . Предавач: доц. д-р Емилија Бошковска, гешталт терапевт

Еднодневна обука на тема: ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ СО ПСИХОСОЦИЈАЛНИ ПРОБЛЕМИ

                                                             ПОЧИТУВАНИ , ВЕ   ПОКАНУВАМЕ НА

    Еднодневна обука на тема:

ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ СО ПСИХОСОЦИЈАЛНИ    ПРОБЛЕМИ 

(/понеделник30.09.2019  Хотел  Гарден Спа Бутик  ул Леринска бр.2  Скопје )     

Предавач: доц. д-р Емилија Бошковска, гешталт терапевт

Целта на ова обука е подготовка и  оспособување  на наставниците за препознавање на ученици со психосоцијални проблеми

Обуката  е наменета за наставници, воспитувачи, педагози, психолози, директори, социолози,раководители и сите  засегнати лица  .

Разводот, злоставувањето на децата, булингот, стресот и слично се само дел од проблемите на учениците кои можат да имаат влијание врз нивниот успехот во училиште. Тоа можат да бидат проблеми кои се потешки од училишната задача за наредниот ден.

Кога учениците влегуваат во училницата со себе ги носат сите свои емоции. Се што се случува дома, сите нивни стравови, сето тоа го носат и во училиште. Не е реално да се очекува тоа да го остават дома.

Но, носењето на овие емоции во училницата може сериозно да влијае врз нивниот академски успех.

Учениците најдобро учат кога се релаксирани и фокусирани, па затоа училиштето треба да биде сигурно место каде тие ќе се чувствуваат удобно во средината за учење. Еден од начините за создавање на таква средина е обезбедувањето на подршка за учениците кои страдаат од психолошки проблеми.

Иако сериозните и подолготрајните психолошки состојби бараат психолошка помош, наставниците се во првата линија на контакт со учениците и можат да им дадат секојдневна подршка па дури и да ги идентификуваат  главните проблеми за кои постои потреба од професионална помош. Како возрасна и личност од доверба во нивните животи, наставникот може да биде позитивна сила која ги подржува учениците на образовно и на емоционално ниво додека тие работат на разрешување на психолошките проблеми.

Котизација за семинарот изнесува   3,900.00 денари  по лице. Напомена:   не сме ДДВ  обврзници  

  КОТИЗАЦИЈА  за секој втор пријавен или повеќе лица  од иста институција следува 10% попуст

              Цената на котизацијата за обуката вклучува:   кафе и освежување , ручек, конференциска сала , опрема , работен материјал, ваучер за користење на Спа Центарот , сертификат за учество  како и предавања со непосредена комуникација со предавачoт за надминување на Вашите прашања и дилеми.

Заради квалитетот на обуката , бројот на учесници е ограничен, од наведената причина Ве молиме  Вашето  учество да го потврдите со податоци кои се наведени во пријавата која е во прилог  најдоцна до 29.09.2019 година  на е-mail  адреса  info@mosaic.mk

ЗДРУЖЕНИЕ МОЗАИК МЕИК

Адреса: ул. Струмјани бр.7 Скопје

Жиро Сметка бр. 270070613150124

ХАЛКБАНК  АД Скопје

Однапред ви благодариме на соработката.    Контакт телефон: 071/250-757

Лице за контакт: Лидија  Јордановска    – 070 392 673