ПОЧИТУВАНИ , ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА
Еднодневна обука на тема:
ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ СО ПСИХОСОЦИЈАЛНИ ПРОБЛЕМИ
(/понеделник30.09.2019 Хотел Гарден Спа Бутик ул Леринска бр.2 Скопје )
Предавач: доц. д-р Емилија Бошковска, гешталт терапевт
Целта на ова обука е подготовка и оспособување на наставниците за препознавање на ученици со психосоцијални проблеми
Обуката е наменета за наставници, воспитувачи, педагози, психолози, директори, социолози,раководители и сите засегнати лица .
Разводот, злоставувањето на децата, булингот, стресот и слично се само дел од проблемите на учениците кои можат да имаат влијание врз нивниот успехот во училиште. Тоа можат да бидат проблеми кои се потешки од училишната задача за наредниот ден.
Кога учениците влегуваат во училницата со себе ги носат сите свои емоции. Се што се случува дома, сите нивни стравови, сето тоа го носат и во училиште. Не е реално да се очекува тоа да го остават дома.
Но, носењето на овие емоции во училницата може сериозно да влијае врз нивниот академски успех.
Учениците најдобро учат кога се релаксирани и фокусирани, па затоа училиштето треба да биде сигурно место каде тие ќе се чувствуваат удобно во средината за учење. Еден од начините за создавање на таква средина е обезбедувањето на подршка за учениците кои страдаат од психолошки проблеми.
Иако сериозните и подолготрајните психолошки состојби бараат психолошка помош, наставниците се во првата линија на контакт со учениците и можат да им дадат секојдневна подршка па дури и да ги идентификуваат главните проблеми за кои постои потреба од професионална помош. Како возрасна и личност од доверба во нивните животи, наставникот може да биде позитивна сила која ги подржува учениците на образовно и на емоционално ниво додека тие работат на разрешување на психолошките проблеми.
Котизација за семинарот изнесува 3,900.00 денари по лице. Напомена: не сме ДДВ обврзници
КОТИЗАЦИЈА за секој втор пријавен или повеќе лица од иста институција следува 10% попуст
Цената на котизацијата за обуката вклучува: кафе и освежување , ручек, конференциска сала , опрема , работен материјал, ваучер за користење на Спа Центарот , сертификат за учество како и предавања со непосредена комуникација со предавачoт за надминување на Вашите прашања и дилеми.
Заради квалитетот на обуката , бројот на учесници е ограничен, од наведената причина Ве молиме Вашето учество да го потврдите со податоци кои се наведени во пријавата која е во прилог најдоцна до 29.09.2019 година на е-mail адреса info@mosaic.mk
ЗДРУЖЕНИЕ МОЗАИК МЕИК
Адреса: ул. Струмјани бр.7 Скопје
Жиро Сметка бр. 270070613150124
ХАЛКБАНК АД Скопје
Однапред ви благодариме на соработката. Контакт телефон: 071/250-757
Лице за контакт: Лидија Јордановска – 070 392 673