
Здружение МОЗАИК-МЕИК СКОПЈЕ
УЛ .Белчишка бр.8 А Скопје
www.mosaic.mk
mail : info@mosaic.mk
022043043 071227180
Почитувани,
МОЗАИК МЕИК– СКОПЈЕ Ве поканува да земете учество на дводневна обука на тема:
СТРЕС И СПРАВУВАЊЕ СО ПРОФЕСИОНАЛНИОТ СТРЕС
Обуката ќе се организира од 27.05-29.05.2022 година во Хотел „Манастир“ – Берово.
Обуката е наменета за сите организации од јавен и приватен сектор, директори, правна служба, човечки ресурси, одговорни лица, раководители, наставници, стручни соработници и сите засегнати лица.
Стресот е веројатно најчестиот проблем на живеењето во денешницата и станува карактеристика на модерното живеење. Во современото живеење и работење сведоци сме на парадоксална ситуација, физичките услови за работа се значајно подобрени, но психичките услови се влошуваат и работата станува се постресна. Стресот добива димензија на модерна епидемија. Квалитетот на работниот живот има значајни реперкусии по квалитетот на емоционалниот живот и по социјално емоционалниот баланс кои некои индивидуи успеваат да го одржат, а некои не. Страв и стрес предизвикан од пандемијата со Ковид 19 како и постковид последици.
Со оглед на времето кое луѓето го поминуваат на работа, битно е развивање на свесност за импликациите и последиците кои таа ги има врз нивните животи. Способноста за адаптација станува се поважна за опстанок и развој на секоја организација, а начинот на кој организациите ќе се справуваат со стресот во иднина ќе стане еден од главните стратегиски фактори во глобалното натпреварување.
Предавач: доц.д-р Емилија Бошковска, професор на Факулетот по психологија при МИТ Универзитет, гешталт терапевт со повеќе од 15 години работно искуство.
Заради квалитетот на обуката бројот на учесници е ограничен. Од наведената причина Ве молиме Вашето учество да го потврдите со податоци кои се наведени во пријавата која е во прилог најдоцна до 25.05.2022 год. на mail info@mosaic.mk