Проект „Училница.ком “

Здружението на граѓани Мултиетничка организација за промовирање на интернационални култури Мозаик Меик“- Скопје ја одржа својата прва работна група „Училница.ком“ со ученици од СУГС Георги Димитров. На оваа работна група учениците од страна на истражувачки новинар – Васко Маглешов , беа запознаени со значењето на медиумската писменост, функционирањето на социјалните медиуми, улогата на медиумите воопшто како и влијанието на ставовите на читателите. Учениците со помош на практична вежба се стекнаа со вештини за препознавање на лажни вести како и за причините за настанување на истите. Ова е првата работна група која МОЗАИК МЕИК ја спроведува во партнерство со здружението КИМАТИКА #MediaForCitizens #CitizensForMedia #MCCM #МедиумиЗаГраѓаните #ГраѓанитеЗаМедиумите #ВоСлужбаНаЈавноста #ReForMediaMKD #МИМ #ЕУзаТебе