Обука: Најновите измени и дополнувања на Законот за работните односи од 2018г. во насока на зголемување на правата од работен однос и подобрување на условите за стпанисување и други правни институти од законот кои предизвикуваат дилеми во однос практичната примена

Со цел презентирање на најновите измени идополнувања на Законот за работните односи во насока на зголемување на правата од работен однос и подобрување набизнис климата, Здружение Мозаик Меик на 21-22 декември 2018 година организира обука каде што ќе се образложат новините од Законот заработните односи какои нивната правилна примена и позитивнитеефекти кои треба да ги предизвикат измените на законот.

Обуката ќе се организира на 21.12 и 22.12.2018 во Хотел ‘Романтик’ – Велес

Цел на обуката:

Со цел презентирање на најновите измени идополнувања на Законот за работните односи во насока на зголемување на правата од работен однос и подобрување набизнис климата, Здружение Мозаик Меик на 21-22 декември  2018 година организира обука каде што ќе се образложат новините од Законот заработните односи какои нивната правилна  примена и позитивнитеефекти кои треба да ги предизвикат измените на законот. Исто така на обуката ке се разработат и некоидруги правни нститути од постојниот закон кои често создаваат дилеми принивната практична примена.  На обуката  е предвидена интерактивност научесниците,  дискусија во однос на тематана обуката  и ќе се одгора на прашања поставени одучесниците во однос на темата и надвор од темата кои се однесуваатна сверата од работните односи.

  • Проширување на правната на  заштита на работниците со договор за вработување на определено време
  • Зголемување на правото на информираноста за работничките права преку воведување на   задолжителните компоненти на основот за засновање на работниот однос .
  • Воведување на дополнителни механизми на  заштита на  правата од работен однос за младо лице .
  • Зголемување на флексибилноста на условите за обезбедувања на  потребата  од работници.

ДЕЛ ВТОРИ

  • Воведување на дополнителна заштита со намалување на роковите во кои може да се бара одговорност по основ на негова вина на работникот.
  • Предупредување како дополнителен услов пред откажување на договорот за вработување од лични прилини.
  • Воведување на дополнителни критериуми при  откажување на договорот за вработување од деловни причини.
  • Обезбеување на поголема заштита во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини во случаите кога ќе се јави потребата за  работник  за укинатите  работни места.
  • Обезбедување на поголема испратнина по однос на откажување на договорот за вработување од деловни причини

  ДЕЛ ТРЕТИ

  • Проширување на правата од работен  на работник на пробна работа.
  • Проширување на правата од работен  на работник приправник.
  • Дополнителна заштита на работникот што е ангажиран за работа во смени.
  • Правен механизам за дополнителна заштита на правото на годишен одмор.
  • Воведување на задолжително користење на дел од годишен одмор во тековната календарска година

   ДЕЛ ЧЕТВРТИ

 Други правни институти од Законот за работните односи кои предизвикуваат дилеми при нивната примена и управни мерки при инспекциски надзор

  • Судска одлука за незаконско престанување на работниот однос.
  • Извршување  на судска одлука за незаконски престанок на работниот однос.
  • Начин на пресметка  и плакање за работа за време на празник и неделен одмор
  • Порамнување од плата.
  • Суспензија од работа и приговор против суспензија
  • Управни мерки кои може да се преземат од инспекторот на труд (  едукација ,наредби и забрани)

За повеќе информации и како да се пријавите можете да видите со превземање на следните документи:

Локација: