Обуката ќе се организира на 21.12 и 22.12.2018 во Хотел ‘Романтик’ – Велес
Цел на обуката:
Со цел презентирање на најновите измени идополнувања на Законот за работните односи во насока на зголемување на правата од работен однос и подобрување набизнис климата, Здружение Мозаик Меик на 21-22 декември 2018 година организира обука каде што ќе се образложат новините од Законот заработните односи какои нивната правилна примена и позитивнитеефекти кои треба да ги предизвикат измените на законот. Исто така на обуката ке се разработат и некоидруги правни нститути од постојниот закон кои често создаваат дилеми принивната практична примена. На обуката е предвидена интерактивност научесниците, дискусија во однос на тематана обуката и ќе се одгора на прашања поставени одучесниците во однос на темата и надвор од темата кои се однесуваатна сверата од работните односи.
- Проширување на правната на заштита на работниците со договор за вработување на определено време
- Зголемување на правото на информираноста за работничките права преку воведување на задолжителните компоненти на основот за засновање на работниот однос .
- Воведување на дополнителни механизми на заштита на правата од работен однос за младо лице .
- Зголемување на флексибилноста на условите за обезбедувања на потребата од работници.
ДЕЛ ВТОРИ
- Воведување на дополнителна заштита со намалување на роковите во кои може да се бара одговорност по основ на негова вина на работникот.
- Предупредување како дополнителен услов пред откажување на договорот за вработување од лични прилини.
- Воведување на дополнителни критериуми при откажување на договорот за вработување од деловни причини.
- Обезбеување на поголема заштита во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини во случаите кога ќе се јави потребата за работник за укинатите работни места.
- Обезбедување на поголема испратнина по однос на откажување на договорот за вработување од деловни причини
ДЕЛ ТРЕТИ
- Проширување на правата од работен на работник на пробна работа.
- Проширување на правата од работен на работник приправник.
- Дополнителна заштита на работникот што е ангажиран за работа во смени.
- Правен механизам за дополнителна заштита на правото на годишен одмор.
- Воведување на задолжително користење на дел од годишен одмор во тековната календарска година
ДЕЛ ЧЕТВРТИ
Други правни институти од Законот за работните односи кои предизвикуваат дилеми при нивната примена и управни мерки при инспекциски надзор
- Судска одлука за незаконско престанување на работниот однос.
- Извршување на судска одлука за незаконски престанок на работниот однос.
- Начин на пресметка и плакање за работа за време на празник и неделен одмор
- Порамнување од плата.
- Суспензија од работа и приговор против суспензија
- Управни мерки кои може да се преземат од инспекторот на труд ( едукација ,наредби и забрани)
За повеќе информации и како да се пријавите можете да видите со превземање на следните документи: